Играчот на Наполи, Калиду Кулибали, дислоцираше прст за време на тренингот со Сенегал и како резултат на тоа, може да ги пропушти квалификациите за Купот на нации во Африка овој месец.
Централниот бек одговори на повикот од навионалниот тим, но се здоби со повреда на тренинг. “Калчомеркато” објави дека не станува збор за тешка повреда, но медицинскиот персонал на Сенегал ќе ја следи ситуацијата со фудбалерот.
Кулибали беше суспендиран за натпреварот против Конго денес, а многу е веројатно дека ќе го пропушти и дуелот со Есватини на 30 март.
Враќањето на 29-годишниот дефанзивец на теренот е закажано за 7 април, кога тимот на Џенаро Гатузо ќе го одигра одложениот натпревар против Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













