Работнички в сабота гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Беласица во 24.коло од Првата фудбалска лига. Тимот на Александар Влахо сака да се престрои повторно во позитивна насока откако загуби од Академија Пандев (0-2) на домашен терен во минатото коло.
Капитенот Горан Силјановски вели дека Работнички го очекува тешко гостување во Струмица и дека Беласица иако е последнопласиран тим на табелата, оваа пролет покажува далеку подобри игри и има поквалитетен состав.
„Беласица е многу поквалитетен тим оваа пролет. Има неколку одлични индивидуалци во тимот и јасно ни е дека не очекува многу тежок натпревар. Ние ги анализиравме сопствените грешки на мечот против Академија Пандев и ќе се обидеме да бидеме на потребното ниво во Струмица. Целта е да се вратиме во посакуваниот ритам што го имавме пред последниот пораз. Мораме да бидеме максимално фокусирани и внимателни и да го дадеме најдоброто од себе за да успееме во нашата цел“, вели капитенот Горан Силјановски за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот меѓу Беласица и Работнички е закажан за в сабота, со почеток во 15 часот, а ќе го суди Марјан Стојановски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Мохамед Салах во Серија А













