Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, нема да може да смета на дефанзивецот на Шарлроа, Ѓоко Зајков, за претстојните натпревари во квалификациите за СП 2022 во Катар. Тој е позитивен на Ковид-19 и заедно со поголем дел од соиграчите од клубот се наоѓа во изолација.
На редовното тестирање во белгискиот шампионат, Ѓоко Зајков имал позитивен тест на коронавирусот и во наредниот период ќе биде во домашна изолација. Тој дефинитивно нема да може да биде дел од националниот тим во оваа сесија за натпреварите против Романија, Лихтенштајн и против Германија.
Добра вест е дека Влатко Стојановски ќе дојде на собирот и порај најавите за француска „забрана“. Клубовите од елитата и од второлигашката конкуренција во Франција побараа од федерацијата да им даде дозвола да не ги пуштаат фудбалерите кои треба да патуваат во земји надвор од Европската Унија.
Меѓутоа Стојановски во договор со клубот Шамбли одлучил ако треба и да престојува во задолжителен карантин при враќањето во Франција, но да биде дел од репрезентацијата на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













