
Францускиот првак Пари Сен Жермен беше принуден да го затвори тренинг комплексот на одреден период поради потврдени неколку нови случаи на Ковид-19 во клубот. Раководството доби наредба од Институтот за јавно здравје на Париз дека мора да стави клуч на клупската база како дел од заштитните мерки за спречување на понатамошно ширење на коронавирусот.
Засега не е познато дали меѓу заболените нови случаи има и фудбалери. Во првиот бран најголем дел од ѕвездите на клубот го прележаа коронавирусот.
Пари Сен Жермен го загуби последниот натпревар против Нант (1-2) од француското првенство, а во фокусот беа и кражбите во домовите на Анхел Ди Марија и на Маркињос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal