Фудбалерите на Вардар од утре треба да почнат со тренинзи под раководство на новиот тренер Никола Илиевски Џиџи и ќе имаат четири дена за да се подготват за стартот на пролетниот дел од првенството. Надминати се најголемите проблеми од финансиска природа, односно владата донесе одлука за бришење на каматите кои Вардар ги должи кон АДССДП во висина од 60.000 евра.
Итно ќе бидат уфрлени и 100.000 евра за да бидат подмирени дел од долговите кон фудбалерите и полека тимот треба да се фокусира на обврските во првенството.
Вардар в недела, речиси без тренинзи, треба да го пречека Пелистер во првото пролетно коло. Во минатото овој дерби натпревар го носеше прекарот „вечно дерби“ на македонскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













