Последните две кола во англискиот шампионат ќе се играат во присуство на публика, со ограничен капацитет на исполнетост на стадионите до максимум 10.000, најави денеска раководството на Премиер – лигата.
Доколку нема продолжување на рестрикциите поврзани со коронавирусот, кои се во сила во Велика Британија, клубовите ќе можат да ги отворат стадионите за навивачи од 17 мај.
„Се надеваме дека завршните две кола сезонава ќе се одиграат пред максимум 10.000 навивачи на стадионите“, изјави денеска извршниот директор на Премиер – лигата, Ричард Мастерс.
Со цел да овозможи присуство на навивачите на сите стадиони во Премиер – лигата предвидено е натпреварите од претпоследното коло во англиското првенство да се играат од 18 до 20 мај, додека завршното коло е предвидено за 23 мај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













