Манчестер „гори“ пред секое градско дерби, па дури и кога фановите не смеат да бидат на стадион. Сити го пречекува Јунајтед на „Итихад“, Пеп Гвардиола ја брка 22. победа во низа со „граѓаните“, а Оле Гунар Солскјер вели дека ова е совршен меч за неговиот Јунајтед.
„Ова е совршен натпревар за повторно да стартуваме победнички. Ќе се тестираме против навистина добар тим кој е во одлична форма. Јунајтед редовно ги има најдобрите моменти токму на градското дерби против Сити. Ќе заиграат пеперутките, крвта ќе зоврие и ќе почне мечот. Знаеме како треба да се однесуваме и што треба да направиме за да победиме“, изјави Солскјер.
Манчестер Сити е лидер на табелата во Премиер – лигата со дури 14 бода предност пред второпласираниот Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













