Шпанскиот гигант Реал Мадрид би сакал да го задржи Лука Модриќ најмалку уште една сезона. Неговиот договор истекува во јуни 2021 година, но одличното издание што тој го прикажа на „Ел Класико“ го натера раководството на клубот да размислува за продолжување на соработката. 35-годишниот Модриќ докажа дека и понатаму може да игра на врвно ниво.
„Каде ќе бидам следната година? Искрено, не сум размислувал премногу. Се уште уживам во фудбалот и во Мадрид се чувствувам како дома. Можеби и понатаму ќе останам во Мадрид“, изјави Лука Модриќ.
Ова дефинитивно отсликува ситуација дека преговори за продолжување на соработката постојат и дека тој најверојатно ќе добие понуда за нов едногодишен договор со „кралскиот клуб“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













