Италијанскиот калчолигаш Интер одлучи да го стави на продажба данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен. Иако дојде како големо засилување за средниот ред од Тотенхем, сепак, тој не се вклопува во плановите на тренерот Антонио Конте. „Нероаѕурите“ се подготвени да го продадат веќе во зимскиот преоден рок.
Конте многу повеќе сака да игра со Галјардини и со Видал како дефанзивни играчи за врска, тука се и Марсело Брозовиќ и Николо Барела, а во нападот се потпира на играчи на крилните позиции кои треба да го опслужуваат Ромелу Лукаку. Во една ваква поставеност, нема многу простор за Кристијан Ериксен.
Интер е подготвен да го продаде за само 20 милиони евра, но ќе спаси дел од буџетот за плати, со оглед дека Данецот заработува 10 милиони евра по сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













