
Реал Мадрид вечерва го пречекува Интер во третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а Артуро Видал како екс-играч на Барселона го сака „кралскиот скалп“. Вели дека секогаш ќе има посебен мотив да го победи тимот на Зинедин Зидан.
„Мотивиран сум и против Реал ќе играм како да сум играч на Барселона. Таму минав две одлични сезони и сакам да донесеме триумф за навивачите на Интер, но и за фановите на Барселона. Ова е многу важен натпревар за врот на табелата во групата“, вели Артуро Видал.
Тренерот на Интер, Антонио Конте, имал две можности да седне на клупата на „кралевите“, но ги одбил понудите затоа што дошле во текот на сезоната. Тој сака да го има тимот под контрола од самиот почеток на сезоната.
„Имав две шанси да бидам тренер на Реал Мадрид. Но, ги одбив понудите, затоа што дојдоа во ек на сезоната. Тогаш едноставно тренерот не може да има контрола над тимот“, објасни Конте, најавувајќи дека Интер оди на победа во Мадрид.
Интер ќе биде без Ромелу Лукаку, а на Зидан ќе му недостига десен бек. Кој ќе успее да го искористи хендикепот на ривалот?
Ливерпул гостува кај Аталанта, а Јирген Клоп практично и нема дефанзивци. Ќе биде тоа голем испит за крпената одбрана на англискиот првак.
„Ќе бидеме со 11 играчи на теренот. Нема да се жалиме за оние кои ги нема, ќе играат тие што се подготвени и здрави“, вели во германски стил, Јирген Клоп.
Ајакс десеткуван поради коронавирусот ќе игра против Митјиланд. Тренерот Ерик Тен Хаг верува дека сепак и овој состав што го има на располагање може да даде силен отпор.
Манчестер Сити на домашен терен го пречекува Олимпијакос, а европскиот првак Баерн Минхен оди на гости кај Салцбург.
Програмата во ЛШ почнува со дуелите од 18.55 часот. Локомотив Москва е домаќин на Атлетико Мадрид, а Шахтјор Доњецк ќе ја нагости Борусија Менхенгладбах.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
