
Австрискиот интернационалец Давид Алаба на крајот од сезоната и дефинитивно заминува од Баерн Минхен, а шпанските медиуми најавуваат дека е пред трансфер во Реал Мадрид. И фудбалерот сака да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, а и Зинедин Зидан сака да добие одличен поливалентен фудбалер кој може да одговори на повеќе позиции во одбраната и во средниот ред.
Алаба би дошол како слободен агент, а преддоговорот може да биде потпишан уште во јануари, со цел и двете страни да бидат сигурни дека зделката ќе се реализира.
Австриецот би завршил голема работа во тимот на Реал Мадрид, затоа што нуди опција и за левата бековска позиција, но и за стоперските позиции, па и како дефанзивен играч за врска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
