Баерн Минхен маршираше победнички низ Штутгарт и славеше со 1-3, а Борусија Дортмунд доживеа непријатен пораз дома од Келн (1-2).
Тангуј Кулибали изненадувачки го доведе Штутгарт во водство во 20.минута, но Кингсли Коман во 38. и Роберт Левандовски во 45.минута се погрижија за пресврт. До крајот Даглас Коста го потврди триумфот на баварскиот тим.
Келн ја изненади Борусија Дортмунд. Елјеш Шкири беше кобен за домаќините откако постигна два гола, а Торган Азар само намали за конечни 1-2.
Лајпциг со 2-1 го совлада тимот на Арминија Билефелд, Унион Берлин и Ајнтрахт Фракфурт ремизираа (3-3), а Аугсбург и Фрајбург исто така ги поделија бодовите (1-1).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













