Кристијан Ериксен е на излезна врата од Интер со оглед дека не ја добива очекуваната минутажа од тренерот Антонио Конте. Но, би можел да остане во Италија и да направи спектакуларен трансфер во Јувентус. Токму италијанскиот „маестро“, Андреа Пирло, смета дека Ериксен би бил идеално засилување за „старата дама“ и би донел многу креативност во играта на тимот.
Можна е размена во која Дејан Кулушевски во зимскиот преоден рок би се преселил во Интер, а Ериксен би заминал во Јувентус. Интер го сакаше Кулушевски, но не успеа да победи во трката со шампионот, па сега е подготвен да го понуди Ериксен и дополнителни 10 милиони евра за да го доведе на „Џузепе Меаца“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













