
Аргентинскиот волшебник Лионел Меси е главна ѕвезда на Барселона и лидер на тимот повеќе од една деценија, но ќе мора да замине од „Камп Ноу“ ако не се сложи да потпише нов договор со значително намалување на платата. Ова го најавува кандидатот за претседателската позиција во клубот на претстојните избори, Оливие Русо.
Реалноста е дека Барселона е во огромни долгови поради пандемијата од коронавирусот и ќе мора значително да го намали буџетот за плати за фудбалерите. И актуелното раководство водеше долги преговори со фудбалерите на таа тема и успеа да постигне договор за намалување на буџетот за плати за 122 милиони евра. Во спротивно, на каталонскиот гигант му се закануваше финансиски крах.
Меси сакаше и ова лето да замине од Барселона бидејжи водеше војна со претседателот на клубот Хозеп Мариа Бартомеу. На крајот тој отстапи од функцијата неколку месеци пред одржувањето на редовните избори во клубот кои претстојат во март следната година.
Договорот на Аргентинецот истекува на крајот од сезоната, некои велат дека Лионел Меси ќе остане до завршувањето на кариерата во Барселона, но Манчестер Сити и Пари Сен Жермен се клубовите кои се финансиски моќни и притискаат да ја купат големата светска фудбалска ѕвезда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski