Англискиот премиерлигаш Арсенал на стартот од новата сезона во Премиер – лигата бележи резултати далеку од очекувањата. Менаџерот Микел Артета е под притисок, а тоа влијае и на неговиот однос со фудбалерите. Медиумите на Островот тврдат дека тој има нарушени односи со Бразилецот Вилијан од кого очекувал многу повеќе во досегашниот тек од сезоната. Токму поради ова е подготвен и да го продаде во зимскиот преоден рок.
Арсенал одреди отштета од 15 милиони евра за Вилијан и доколку некој заинтересиран клуб ја плати оваа сума, тој ќе може да си замине од „Емирати“. Бразилецот има и огромна плата која тежи на буџетот на клубот, а Арсенал ќе се насочи кон своите млади фудбалери Рајс Нелсон и Нкетија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













