Арсенал е во слободен пад, резултатите на „топчиите“ се очајни, но Пеп Гвардиола и понатаму тврди дека Микел Артета е одличен менаџер и клубот треба да му даде шанса да направи позитивен пресврт. „Граѓаните“ синоќа го декласираа Арсенал (1-4) во Лига купот на Англија.
„Ќе направат голема грешка ако му дадат отказ. Но, сигурен сум дека тоа нема да се случи и дека имаат доверба во неговите квалитети“, изјави Пеп Гвардиола.
Артета три и пол години му беше асистент на Гвардиола во Манчестер Сити, а пред една година го презеде самостојно Арсенал. Го освои ФА купот на Англија, но стартот на оваа сезона е ужасен на резултатски план.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













