Поранешните „нероаѕури“ Андреа Кандрева и Кеита Балде му го нанесоа првиот пораз на Интер по 11 натпревари во Серија А и осум последовни победи. Сампдорија славеше против Интер со 2-1, а Стефан Де Фрај во 66.минута беше стрелец на погодокот за гостите. Алексис Санчез во 12.минута не реализира пенал, голманот на Сампдорија, Емил Аудеро, го одбрани неговиот удар. Тоа е втор пораз за Интер во шампионатот кој останува на 36 бода, еден помалку од Милан кој вечерва во дербито на колото го пречекува Јувентус.
Аталанта беше убедлива против Парма и славеше со 3-0. Првиот гол го постигна Луис Мјуриел, а во вториот дел стрелаа и Дуван Запата и Робин Госенс.
Борха Мајорал беше двоен стрелец, а Хенрик Мхитарјан погоди од пенал во триумфот на Рома (1-3) на гости против Кротоне. Владимир Големиќ беше стрелец за домашниот тим.
Лацио со 2-1 ја совлада Фиорентина. Фелипе Каиседо го отвори резултатот, Чиро Имобиле зголеми на 2-0, а Фиорентина намали од пенал преку Душан Влаховиќ.
Сасуоло ја победи Џенова со 2-1, а Горан Пандев поради повреда не беше во тимот на гостите. Илија Несторовски влезе во игра во 33.минута за Удинезе кој ремизираше на гостувањето против Болоња, 2-2. Торино и Верона ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













