Пари Сен Жермен одигра само 1-1 на гости против Сент Етјен на дебито на новиот тренер Маурисио Покетино и аргентинскиот стратег веднаш реагира. Процени дека мора да ја засили одбраната со централен стопер. „Светците“ изминатото лето не доведоа замена за Тијаго Силва кој не доби нов договор на „Паркот на принцовите“ и замина во Челси.
Изборот на Покетино е Емерсон, 21-годишниот дефанзивец на Бетис, кој е под договор со Барселона. Тој игра на позајмица во Бетис, а и ПСЖ би сакал да го доведе како позајмен играч до крајот на сезоната. Дури потоа ќе се преговара за перманентно продолжување на договорите и за Флоренци, Кин, Рафиња и Данило Переира.
На излезна врата од ПСЖ е Џулијан Дракслер, а Маурисио Покетино одлучи да го задржи Леандро Паредес за кој беше заинтересиран Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













