Италијанскиот калчолигаш Аталанта не сака да ги разгледува понудите за Алехандро Папу Гомез што доаѓаат од конкурентите за врвот на табелата во Серија А. Клубот му одреди отштета од 10 милиони евра, но тоа „не важи“ за Јувентус, Интер и за Милан, кои се сериозно заинтересирани за да го ангажираат одличниот офанзивен фудбалер кој се најде во жестока кавга со тренерот Џанпјеро Гасперини.
На адреса на Аталанта пристигнаа понуди од Фиорентина и од Торино, кои исто така се заинтересирани за Папу Гомез, но таму не сака да замине фудбалерот. Сака да се бори за шампионската титула во Серија А.
Аталанта во моментот е на седмата позиција со 28 бода, но само со два бода негатива во однос на четвртопласираниот Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













