Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да го врати Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“, тврди шпанскиот медиум „Дон Балон“. Наводно, раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да плати 60 милиони евра и да го доведе португалскиот ас назад во Манчестер.
Јувентус е отворен да си ислуша понудите за Роналдо со оглед на неговата возраст, но и кризата поради пандемијата на коронавирусот. Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, верува дека Португалецот би можел да игра на врвно ниво најмалку уште две сезони, а клубот би успеал и маркетиншки одлично да профитира од неговото враќање на „Театарот на соништата“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













