Челси и Манчестер Јунајтед посакуваат да ја засилат одбраната со ист фудбалер. Деклан Рајс е желба на Франк Лампард и на Оле Гунар Солскјер и би сакале да го видат во својот тим за вториот дел од сезоната.
„Црвените ѓаволи“ по подолг период се во сериозна трка за шампионската титула во Премиер – лигата, а Франк Лампард е на удар затоа што Челси вложи многу пари во нови засилувања, а резултатите засега не се според очекувањата.
Челси има малку поголеми шанси да го придобие потписот на Деклан Рајс, со оглед дека тој во минатото беше дел од младинската академија на клубот. Но, на 14 – годишна возраст доби дозвола да замине во Вест Хем каде израсна во елитен дефанзивец. Ако го сака назад Челси сега ќе мора да плати 95 милиони евра, а истата сума Вест Хем ја бара и од Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













