Челси потроши повеќе од 200 милиони фунти пред почетокот на сезоната, доведе неколку засилувања во тимот, но не успеа да се наметне како еден од кандидатите вo трката за шампионската титула. Најновиот пораз на „Кинг Пауер“ од Лестер (2-0) уште повеќе го засили притисокот кон Франк Лампард кој се наоѓа пред отказ.
Медиумите во Велика Британија веќе го бараат наследникот на Лампард. Се очекува сопственикот Роман Абрамович да реагира и да му даде отказ на легендата на клубот кој резултатски не ги исполни очекувањата. Тимот од „Стемфорд бриџ“ се наоѓа на деветтата позиција на табелата во Премиер – лигата со девет бода негатива во однос на актуелниот лидер Лестер.
Андриј Шевченко, Томас Тухел и Масимилијано Алегри се најсериозните кандидати за наследници на Франк Лампард. Тука секогаш е и „омилениот“ тренер и пријател на Роман Абрамович, Израелецот Аврам Грант.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













