Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон е во завршна фаза од преговорите за ангажман на Вилијан Хозе, напаѓачот на Реал Сосиедад. Тој треба да пристигне како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за комплетно откупување на договорот.
Вилијан Хозе треба да биде замена за повредениот Раул Хименез, кој се уште се опоравува од повредата на главата која ја заработи на стартот на сезоната. Бразилецот со успех го носи дресот на Реал Сосиедад од 2016 година, досега има одиграно 143 натпревари и постигнато 52 гола.
Вулверхемптон оваа сезона игра послабо од очекувањата, а една од причините е и недостигот на квалитетен напаѓач. Во моментот „волците“ се на 14. позиција со 22 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













