Италијанскиот калчолигаш Рома размислува за разделба со тренерот Пауло Фонсека, а желба на раководството на „волчицата“ е негов наследник да биде Масимилијано Алегри, поранешниот тренер на Милан и на Јувентус. Американскиот сопственик Дан Фридкин сака да има квалитетен стратег на клупата и му најавил на Фонсека дека негова последна можност да го крене резултатски тимот е саботниот меч против Специја. Доколку не успее во тоа, тогаш ќе следи разделба, а потоа и преговори со Масимилијано Алегри.
Тој подолг период е без работа откако замина од Јувентус, се споменуваше како можно решение за клупата на Пари Сен Жермен, но на крајот Покетино ја доби работата во францускиот гигант.
Алегри важи за еден од најскапите тренери, во Јувентус заработуваше 7 милиони евра по сезона, и ќе мора да ја спушти сумата при преговорите доколку сака да седне на клупата на Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













