Германската суперѕвезда Месут Озил е големата аквизиција на турскиот гигант Фенербахче. Тој денеска и официјално беше претставен како ново засилување, ќе го носи дресот со број „67“ и треба да даде голем придонес во трката за шампионската титула во Турција.
Претседателот на клубот Али Коч и спортскиот директор Емре Белозоглу најавија дека проектот за ангажман на Месут Озил е голема инвестиција и дека очекуваат тоа да донесе голем спортски бенефит. 32-годишниот германски фудбалер со турско потекло потпиша договор на 3,5 сезони.
„Се надевам дека уште оваа сезона ќе ја освоиме титулата и ќе ги израдуваме фановите“, изјави Месут Озил.
Фенербахче по 20 одиграни кола се наоѓа на втората позиција на табелата во турскиот шампионат со два бода негатива во однос на лидерот Бешикташ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













