Англискиот премиерлигаш Тотенхем и менаџерот Жозе Мурињо се соочуваат со голем проблем. Повредата на глуждот на капитенот Хари Кејн е сериозна и тој би можел да паузира и до шест седмици. Ова значи дека Мурињо ќе остане без најдобриот фудбалер во периодот кога се вжештува борбата за трофеите, а без него во тимот синоќешниот дуел со Ливерпул покажа дека Тотенхем не е конкурентен.
Ако Хари Кејн отсуствува до половината на март, тоа значи дека ќе ги пропушти дуелите со Челси, Манчестер Сити и Арсенал во Премиер – лигата, како и двомечот против Волфсбергер во 1/16-финалето на Лигата на Европа. Ќе го нема во тимот ниту за гостувањето кај Евертон во ФА купот на Англија и уште дополнителни пет натпревари во Премиер – лигата.
Жозе Мурињо ќе треба да реши како ќе го менаџира овој случај, дали итно ќе доведе нов напаѓач до крајот на зимскиот преоден рок или пак ќе му даде многу поголема шанса на Карлос Винисиус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













