
Англискиот првак Ливерпул доби непријатен удар на „Енфилд Роуд“. Загуби на домашен терен од Брајтон (0-1) и тоа непосредно пред дербито против Манчестер Сити претстојниот викенд.
Менаџерот Јирген Клоп сакаше да одмори дел од фудбалерите токму за пресметката со „граѓаните“, но тоа му се одмазди. Брајтон дојде до предност во 56.минута со голот на Стивен Алзате, а „црвените“ не успеаја да возвратат до самиот крај.
Ливерпул сега има седум бода негатива во однос на лидерот Манчестер Сити и се наоѓа на четвртата позиција. На само два бода му се доближи и Вест Хем кој славеше со 1-3 на гости против Астон Вила. Џеси Лингард кој дојде од Манчестер Јунајтед беше двоен стрелец, а погоди и Томас Соучек.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski