Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија верува дека неговиот репрезентативен колега Лионел Меси на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона и ќе направи трансфер во Пари Сен Жермен. После Леандро Паредес, и Ди Марија веќе јавно му упати покана на Меси да се пресели во Париз.
„Постојат големи шанси тоа да се случи. Треба да чекаме мирно и да видиме како ќе се одвиваат работите околу трансферот. Тоа би било спектакуларно”, изјави Ди Марија по победата на ПСЖ против Ним (3-0) на „Паркот на принцовите“.
Пари Сен Жермен го договори условите за останување на Бразилецот Нејмар и во наредните четири години во клубот. Следен е токму Анхел Ди Марија. Раководството на клубот сака да му создаде супер-тим на тренерот Маурисио Покетино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













