Велшкиот интернационалец Герет Бејл нема да остане во Тотенхем и следната сезона. Менаџерот Жозе Мурињо и раководството на клубот уште отсега донеле одлука дека Бејл ниту од далеку не е во некогашната добра форма и дека најчесто и во лондонскиот тим ја грее клупата за резерви.
„Најстрашно е што тој не е ниту вознемирен кога останува на клупата“, вели поранешниот англиски репрезентативец, а сега аналитичар на Премиер – лигата, Алан Ширер.
Од јуни Реал Мадрид ќе има и дополнителен проблем. Велшанецот Герет Бејл ќе се врати како фудбалер кој не е од Европската Унија, а во клубот такви се и Родриго, Винисиус, Милитао, Реиние и Кубо.
Герет Бејл има договор со „кралевите“ до јуни 2022 година, а оваа сезона игра како позајмен играч во дресот на Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













