Connect with us

УЕФА објави дали Русија се враќа во европските фудбалски натпреварувања

Европската фудбалска централа (УЕФА) стави точка на сите шпекулации, официјално објавувајќи дека националниот тим на Русија останува надвор од меѓународните турнири. „Зборнаја“ нема да биде вратена ниту на петтото издание на Лигата на нациите, со што останува во сила санкцијата воведена во 2022 година.

На својот сајт, УЕФА ја објави конечната листа од 54 учесници во натпреварувањето, при што името на Русија повторно отсуствува. Во придружните документи, рускиот национален тим е рангиран најниско меѓу европските селекции, со јасна напомена „казнети до понатамошно известување“.
Одлуката следи по коментари дека евентуално завршување на војната би можело да отвори пат за враќање во турнирите, како и споредби со случајот дека Израел продолжува да учествува во меѓународните натпревари.

Изолацијата на Русија започна во февруари 2022 година како реакција на воената инвазија во Украина. Оттогаш сите руски клубови и национални селекции се исклучени од турнирите под закрилата на УЕФА и ФИФА.

На тој начин, земјата веќе пропушти две изданија на Лигата на нациите, како и последните светски и европски првенства. Европската централа потврди дека отсутноста ќе продолжи и во претстојниот натпреварувачки циклус.

УЕФА испрати официјални покани за учество во новото издание на Лигата на нациите до сите федерации на континентот, со единствен исклучок – Русија. Националните асоцијации треба да ја потврдат својата заинтересираност до 9 јануари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови