Фудбалскиот клуб Пелистер објави дека ги прекинува односите со ФК Вардар, а потенцираше и дека „Комитите“ направиле штета на стадионот „Петар Милошевски“ и затоа во иднина нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи во Битола.
„ФК Пелистер ја известува јавноста дека дел од столчињата и трибинскиот простор на јужната трибина, каде што се наоѓаа навивачите на Вардар на натпреварот Пелистер – Вардар на 5 ноември се оштетени и сквернавени. Заради заштита на нашиот стадион во иднина нема да дозволиме присуство на гостински навивачи на стадионот „Петар Милошевски“.

Исто така сакаме да ги апострофираме некоректните изјави на одредени медиуми и постови на социјалните мрежи на високи претставници на ФК Вардар, кои иницираат омраза и инциденти. Ако на ова го додадеме присуството на големо обезбедување на извршниот директор на Вардар, минатата година и наоружано, во свечената ложа на стадионот Петар Милошевски, одлучивме да ги прекинеме институционалните односи со ФК Вардар.
Ваквиот принцип не е наш принцип и не сакаме да бидеме дел од ваков однос и соработка. За оваа управа на ФК Вардар нема повеќе место на нашиот стадион, во нашата свечена ложа, во нашиот ВИП простор. Пелистер ќе го почитува секој оној што ќе покажи почит кон Пелистер.
Во случај на промени и поставување на соодветни лица, достојно за имиџот и традицијата на ФК Вардар, спремни сме да подадеме рака на соработка“, соопштија од ФК Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













