Connect with us

Реал Мадрид го продава Винисиус за рекордни 345 милиони евра?

Раководството на Реал Мадрид донело конечна одлука да ја продаде својата ѕвезда Винисиус Жуниор. Ова треба да се случи на крајот од сезоната.

Флорентино Перез веќе е изморен од инцидентите и проблемите поврзани со Винисиус и дал зелено светло за негова идна продажба.

За време на „Ел Класико“, Винисиус беше заменет во второто полувреме. Фудбалерот се налути и остро реагираше кон Чаби Алонсо.

Саудискиот Ал-Ахли будно ја следи ситуацијата и веќе започнал преговори со Реал Мадрид за трансферот на Винисиус. Според информациите, тие понудиле 345 милиони евра, доколку страните не се договорат за продолжување на неговиот договор, кој важи до летото 2027 година.

Овој трансфер би можел да стане најскапиот во историјата на фудбалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови