Connect with us

Лацио го тресна Јуве, а тоа можеби е и нокаут за Игор Тудор (ВИДЕО)

Јувентус тоне сè подлабоко во криза, а поразот од Лацио со 1-0 на „Олимпико“ само ја продлабочи драмата во редовите на „старата дама“. Тимот од Торино веќе осум натпревари по ред не знае за победа, а загрижувачки е податокот дека на последните четири меча не успеал ниту еднаш да ја затресе противничката мрежа.

Сѐ повеќе медиуми во Италија шпекулираат дека овој резултат би можел да го означи и крајот на мандатот на Игор Тудор на клупата на Јувентус. Хрватскиот стратег, кој беше донесен со цел да внесе нова енергија и агресивност во играта, очигледно не успева да ја разбуди екипата која изгледа без идеи и самодоверба.

Лацио го зададе ударот уште во деветтата минута, кога Тома Башиќ со прецизен удар го совлада Шчесни и донесе водство за домаќините. До крајот на натпреварот, Јувентус се обидуваше да се врати, но безуспешно — нападот повторно беше без вистинска закана.

Со овој пораз, кризата во Јувентус станува сè подлабока, а навивачите почнуваат да ја губат трпеливоста. Наредните денови ќе бидат клучни за иднината на Тудор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови