Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе ќе го продолжи договорот со клубот за уште една дополнителна сезона, откриваат француските медиуми. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2022 година и тој се сложил да го продолжи за уште една дополнителна година.
Ова значи дека ПСЖ нема да биде принуден да го продаде по завршувањето на тековнава сезона, затоа што Мбапе би влегол во последната година од договорот.
За Мбапе сериозно е заинтересиран Реал Мадрид, напаѓачот исто така има желба да го облече дресот на „кралевите“, но во периодот на пандемијата ваков мегатрансфер е сепак тешко да се реализира. Шпанскиот гигант би требало да плати 120 милиони евра отштета, а Килијан Мбапе бара фантастични услови 30 милиони евра годишна плата за да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













