
По паузата за репрезентации и локалните избори, домашниот фудбал во Македонија се враќа со четири натпревари од осминафиналето во Купот на Македонија.
Најинтересниот дуел денеска е во Ѓорче, каде Струга ТЛ гостува кај Македонија ЃП, во реприза од финалето во 2023 година кога „лавовите“ славеа на пенали.
Работнички на Автокоманда како домаќин ќе се соочи со Брегалница. Со оглед на формата на тимот од Градски парк оваа есен, натпреварот нема да биде нималку лесен за скопјани.
Во Куманово, Башкими го пречекува Силекс, повторувајќи го првенствениот дуел оваа сезона кога кумановци славеа против кратовци.
Тешко гостување има и Пелистер, кој под водство на новиот стратег Милан Стојаноски, ќе гостува кај Шкендија Арачиново.
Во утрешниот термин, Вардар го пречекува тимот на Новаци, а во ноември се играат Шкендија – Тиквеш, додека во четвртфиналето веќе се пласираа Охрид и Детонит.
И оваа сезона, Купот се игра по еден натпревар, а ако резултатот биде нерешен, веднаш се изведуваат пенали.
Денешни дуели – 14:00 часот:
Скопје: Македонија ЃП – Струга ТЛ
Куманово: Башкими – Силекс
Скопје: Работнички – Брегалница
Скопје: Шкендија Арачиново – Пелистер
Утре – 14:00 часот:
Скопје: Вардар – Новаци
Во ноември:
Шкендија – Тиквеш
Одиграно:
Беласица – Детонит 0-1
Охрид – Шкупи 3-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
