
Англискиот премиерлигаш Нотингам Форест, кој се наоѓа во сериозна криза, официјално го потврди ангажманот на Шон Дајш како нов менаџер на клубот. Ова е веќе трет тренер на „шумарите“ од почетокот на сезоната, откако претходно беа отпуштени Нуно Еспирито Санто и Анге Постекоглу.
Дајш, кој беше без работа од февруари по разделбата со Евертон, ја започна својата играчка кариера токму во Нотингам Форест кон крајот на 80-тите години, кога тимот го водеше легендарниот Брајан Клаф. Иако не настапи за првиот тим, токму таму ги направи првите фудбалски чекори.

„Со задоволство потврдуваме дека Шон Дајш е новиот менаџер на Нотингам Форест, по внимателен процес на селекција спроведен од глобалниот директор за фудбал Еду Гаспар и техничкиот директор Џорџ Сирианос“, соопштија од Нотингам Форест.
Поранешниот младинец на клубот потпиша договор до летото 2027 година и ќе го предводи тимот за првпат во четврток навечер, кога Форест ќе се соочи со Порто во Лигата на Европа.
Дајч ќе работи со искусно тренерско дуо, Јан Воун и Стив Стоун, двајца поранешни фудбалери на Нотингам Форест, кои во 90-тите години имаа повеќе од 400 настапи за клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
