Connect with us

Албанците со песна си одат од Лесковац, а Србите скандираа „Оди си Пикси“ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Албанија го изненади домаќинот Србија во Лесковац, славејќи со 0-1. Победничкиот гол го постигна Реј Манај во завршните моменти на првото полувреме, додека тимот на Драган Стојковиќ – Пикси одигра далеку под очекувањата.

Кристијано Роналдо промаши пенал за Португалија, но тоа не ја загрози победата на неговиот тим, кој со голот на Рубен Невеш во 90. минута го обезбеди триумфот.

Турција го декласираше гостинскиот тим на Бугарија со 1-6, додека Италија славеше против Естонија со 1-3.


Шпанија на домашен терен го победи Грузија со 2-0, благодарение на головите на Пино и Ојаразбал, додека Феран Торес промаши пенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови