Рома продолжува со победничкиот ритам во Серија А. Тимот на Џанпјеро Гасперини славеше на тешкото гостување кај Фиорентина со 1-2 и стигна до петтиот триумф сезонава. Со оваа победа „волчицата“ барем привремено се најде на врвот на табелата со 15 бода, пред Милан и Наполи кои своите натпревари ги играат подоцна.
Домаќините поведоа во 14. минута преку Моисе Кеан, но Рома брзо одговори – Матијас Суле израмни, а потоа и асистираше за погодокот на Брајан Кристанте со кој беше комплетиран пресвртот. Во продолжението, гостите зрело го чуваа водството и заслужено си заминаа со три бода од „Артемио Франки“.
Болоња ја уништи Пиза со убедливи 4-0. Камбиаги, Моро и Орсолини ја решија работата уште во првото полувреме, а Одгард во вториот дел ја заокружи високата победа на „Ренато Дал’Ара“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













