Германскиот стратег Томас Тухел има одлична победничка низа откако седна на клупата на Челси. Освен ремито на дебито, тој нанижа неколку значајни победи во Премиер – лигата, а стартуваше со триумф (0-1) и во нокаут фазата од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Интересна е тајната што ја донесе Тухел во соблекувалната на „Стемфорд бриџ“. Микро печка е можеби откритието што носи успеси.
Германецот наредил да биде донесена микро печка во соблекувалната, сите фудбалери пред секој тренинг, а задолжително и пред секој натпревар ги топлат копачките во микро печката и потоа се чувствуваат многу поудобно во нив. Ја чувствуваат топката многу подобро кога ја имаат во посед, а тоа ете засега и носи одлични резултати. Секако, тактичките замисли на Томас Тухел и подготовките во тренажниот процес се нешто неодминливо.
:Челси утре го пречекува Манчестер Јунајтед на „Стемфорд бриџ“ во дербито на колото во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













