
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година се соочи со пробчеми за внесување со спортската опрема на царина во Шпанија и од овие причини синоќа не го одржа првиот тренинг во пресрет на мечот со „црвената фурија“. Од ФФМ информираат дека се работи за промена на законска регулатива во земјата домаќин, а проблемот се уште не е разрешен. Селекцијата на Благоја Милевски не го одржа предвидениот тренинг во Алкоркон.
„Целата опрема на репрезентацијата е задржана на аеродром од пристигнувањето во Шпанија (тимот пристигна вчера во 16:20) и се уште не е ослободена. Синоќа тренингот на Македонија (беше закажан во 19:30) не е одржан поради таа причина. Од Шпанска федерација одговорот е дека не знаеле за некој нов закон и барање некаква декларација за таков вид на носење / подигнување опрема. ФФМ нема добиено никаков допис дека е потребна дополнителна документација за носење / подигнување на опрема.
Информиран е делегатот на натпреварот и амбасадата на Македонија во Шпанија.
Техничкиот менаџер на фудбалската репрезентација на Македонија синоќа до 23 часот бил присутен на аеродром заедно со економите од репрезентацијата, но не добил информација што всушност е потребно и дали опремата ќе биде ослободена. И покрај инсистирањето на нашите претставници на аеродромот да пристигне претставник и од Шпанска федерација, не дошол никој и по пет часа чекање“, информираат од Фудбалската федерација на Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
