Напаѓачот Чиро Имобиле е на чекор до враќање во Италија. 35-годишниот фудбалер постигнал договор за соработка од 1+1 година со Болоња, тврди „Кориере дело Спорт“. За трансферот да се реализира, Имобиле ќе треба да се раздели со својот сегашен клуб Бешикташ.
Италијанскиот голгетер се пресели во истанбулскиот гигант минатото лето од Лацио за сума од 2 милиони евра. Неговиот договор важи уште една сезона.
Имобиле постигна 19 голови на 41 натпревар за Бешикташ, но кон крајот на сезоната најчесто беше резерва кај Оле Гунар Солскјер.
Болоња ја освои Купот на Италија и се засилува за настапот во Лига Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













