
Францускиот фудбалски гигант Лион доживеа шокантен удар – клубот е официјално исфрлен од Лига 1 и ќе се натпреварува во втората лига следната сезона, потврдија надлежните органи во Франција. Причината за деградирањето се сериозните финансиски проблеми со кои се соочува клубот, кои не успеа да ги реши и покрај претходно дадениот рок за стабилизирање.
Одлуката ја донесе Националната дирекција за контрола на управувањето, која претходно го предупреди Лион дека мора да го среди финансиското салдо до крајот на сезоната. Со вчерашната потврда, тимот кој има седум шампионски титули и пет купа на Франција, официјално испаѓа во Лига 2.
Со финансискиот колапс и испаѓањето од елитата, се очекува значителен број клучни играчи да го напуштат клубот. Најплатениот фудбалер, Александре Лаказет, веројатно ќе биде продаден по значително пониска цена, со цел да се подобри финансиската рамнотежа.
На листата на играчи кои би можеле да заминат се и Корентин Толисо, Малик Фофана, Муса Нијакате, Еинсли Мејтланд-Најлс, Лукас Пери и Дује Чалета-Цар. Во јануарскиот преоден рок клубот веќе ги продаде Саид Бенрахма, Антони Лопес и Максенс Какере од слични причини.
Од клубот најавија дека ќе поднесат жалба на оваа одлука, но шансите за успех засега изгледаат мали.
Лион, познат по својата славна историја и производството на млади таленти, сега се соочува со најтешкиот период во последните децении.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
