Англискиот шампион Ливерпул сериозно се насочува кон ангажман на напаѓачот на Њукасл, Александер Исак, јавуваат англиските медиуми. 24-годишниот шведски репрезентативец блескаше во изминатата сезона во Премиер – лигата и привлече внимание од неколку европски гиганти, меѓу кои најупорен се чини дека е токму тимот од „Енфилд“.
Ливерпул е подготвен наскоро да испрати официјална понуда за Исак, особено по заминувањето на Дарвин Нунез, кој ќе се пресели во друг клуб. Новиот менаџер на „црвените“ бара класичен напаѓач што ќе ја предводи офанзивната линија, а Исак е идентификуван како приоритетна цел.
Ливерпул веќе ги засили своите редови со неколку имиња, Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц пристигнаа од Баер Леверкузен, а во тек се финалните преговори за Милош Керкез од Борнмут и дефанзивецот Марк Гуехи од Кристал Палас.
И покрај тоа што клубот веќе потроши над 200 милиони евра, финансиската состојба на „црвените“ останува стабилна и во согласност со правилата на финансиски фер-плеј, што овозможува простор за уште еден голем трансфер.
Александер Исак има договор со Њукасл до 2028 година, но се смета дека клубот од „Сент Џејмс Парк“ би бил подготвен да го продаде во случај на понуда од над 80 милиони евра. Шведскиот голгетер минатата сезона постигна 21 гол во Премиер – лигата и одигра клучна улога во напаѓачката игра на Њукасл.
Очекувањата се дека првичните разговори ќе започнат во наредните денови, а исходот би можел да биде познат веќе на почетокот на јули.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













