Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски е назначен за нов шеф на стручниот штаб на словенечкиот прволигаш Радомље.
Тренчовски доаѓа од тренерска мисија во Кувајт, а низ својата богата кариера ги водеше Беласица, Хоризонт, Кожуф и италијански Брера, додека беше и спортски директор во Академија Пандев и селектор на младинската репрезентација на Македонија до 19 години.
„Радомље го следам веќе три години и добро сум запознаен со нивниот проект. Клубот има јасна визија – развој и афирмација на млади фудбалери, нешто што и сам го градам веќе 12 години во Македонија. Тоа беше и клучниот фактор за мојата одлука“, изјави Тренчовски при промоцијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













