Во Манчестер јунајтед повторно се разгоруваат страстите, откако Алехандро Гарначо објави фотографија на социјалните мрежи на која позира во дрес на Астон Вила со името на Маркус Рашфорд. Реакцијата не изостана – Рашфорд кусо, но значајно коментираше: „мој брат“.
На прв поглед – неважен гест. Но, за оние кои ја следат динамиката во соблекувалната на Јунајтед, ова изгледа повеќе како симболична порака отколку случајност. Имено, односите меѓу двајцата играчи во минатото не биле секогаш идилични. Англиските медиуми пишуваа дека блиски луѓе до Рашфорд го нарекувале Гарначо „имитатор на Роналдо“, што само ја подгреа тензијата.
📲 Alejandro Garnacho on Instagram. pic.twitter.com/1QxMmcNon5
— centredevils. (@centredevils) June 22, 2025
Ситуацијата дополнително се заостри во јануари, кога и двајцата беа исклучени од тимот за дербито против Манчестер сити. Причините не беа јавно објаснети, но од тој момент кариерата на двајцата тргна во спротивни насоки.
Рашфорд замина на позајмица во Астон Вила, каде имаше добри, но не импресивни настапи – доволни за да не биде откупен. Гарначо, пак, доби нова шанса под водство на Рубен Аморим, но до крајот на сезоната падна во немилост. Конфликтот со тренерот по финалето во Лига Европа кулминираше со ново исклучување од тимот.
Според последните информации, и двајцата добиле сигнал дека немаат иднина на „Олд Трафорд“. Раководството им сугерирало дека можат да си бараат нов клуб.
Во позадина на целата драма, некои аналитичари гледаат поинаква стратегија – дека ваквите потези не се случајни, туку внимателно осмислени обиди да се намали вредноста на нивните трансфери и да се зголеми притисокот врз клубот. Иако Јунајтед се надева да инкасира меѓу 80 и 100 милиони фунти за двајцата, ваквите случувања го прават тоа сè понеостварливо.
Единствено сигурно засега е дека летото на „Олд Трафорд“ ќе биде бурно. А Гарначо и Рашфорд, свесно или несвесно, играат главни улоги во тоа сценарио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













