Српскиот дефанзивец Никола Влајковиќ повеќе не е дел од екипата на Струга Трим Лум. Клубот официјално потврди дека неговиот договор истекол и дека нема да дојде до продолжување на соработката.
Струга ТЛ упати благодарност до Влајковиќ за досегашниот ангажман и му посака многу среќа и успех во понатамошниот тек на кариерата.
Влајковиќ пристигна во клубот во јануари 2024 година, со договор на една и пол година. Во тој период запиша 42 настапи, постигна три погодоци и додаде уште три асистенции.
Од клубот не ја кријат разочараноста, отворено признавајќи дека очекувале повеќе од 27-годишниот фудбалер за време на неговиот престој во Струга.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













