
Младата репрезентација на Македонија денеска со пресметката против една од најдобрите светски селекции, Шпанија, од 18:45 часот на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје, ги продолжува квалификациите за пласман на ЕП.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски веруваат дека може комплетно да се надигруваат со големиот фаворит, како начин за продолжување на битката за второто место во групата кое може да значи и пласман на ЕП 2022.
„И претходно кажав дека, по промената на системот на УЕФА за пласман на ЕП, до крајот на овие квалификации целта ни е да освојуваме што повеќе бодови од секој натпревар. Така ќе биде и против Шпанија. Секако, не е во духот на овие момци предвреме да се предадат. Покажаа овие момци дека имаат квалитет да се спротистават и на можеби најдобрата селекција во Европа. Добро сме подготвени, максимално го анализиравме противникот па верувам дека може да се надигруваме“ – вели селекторот Милевски.
Македонија по четири одиграни натпревари во групата е на делба на третата позиција со 7 бода, еден помалку од Израел кој е на второто место, и кој вчера неочекувано со 3-1 загуби на гостувањето против Фарските острови. Македонија, по денешниот натпревар со Шпанија, на 8. септември гостува на Фарските острови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
