Босанскиот ветеран Един Џеко најверојатно летово ќе заврши во Фиорентина. Тој е дел од плановите на новиот тренер на „виолетовите“, Стефано Пиоли, кој се враќа во Италија по ангажманот во Ал-Наср.
Џеко одлично ја познава Серија А, каде досега има одиграно 268 натпревари и постигнато 107 голови. Првично требаше да се пресели во Болоња, но Фиорентина му понудила подобар договор – два милиона евра по сезона, наспроти 1,5 милион евра, колку што му нудела Болоња.
Од 1 јули Џеко ќе биде слободен играч, бидејќи тогаш му истекува договорот со Фенербахче.
Во својата досегашна кариера Џеко има настапувано за Железничар, Теплице, Волфсбург, Манчестер Сити, Рома, Интер и Фенербахче. Има постигнато повеќе од 400 голови за клубови и за репрезентација на БиХ и има освоено титули во Германија, Англија и Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













