
Македонската репрезентација до 21 година отпатува за Фарски Острови каде што утре со почеток во 15:00 часот го игра натпреварот од 6. коло во квалификациската група за пласман на Европското првенство.
Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски за утрешниот натпревар во Торшавн нема да смета на Марио Младеновски. Дефанзивецот на дански Фремад Амагер поради повреда не отпатува на гостувањето во Фарски Острови, а неизвесен е настапот на Агрон Руфати. Фудбалерот на Истра има расекотина на аркадата заработена од дуелот со Шпанија. Мечот против Фарски Острови поради суспензија (жолти катрони) ќе го пропушти и капитенот Давор Здравковски.
„Се соочуваме со одредени проблеми поради повреди на некои фудбалери, но тоа е нешто што мораме да го прифатиме. Овој дуел ќе биде сосема поразличен во однос на натпреварот со Шпанија, но и нова можност за играчите да го потврдат својот квалитет и потенцијал. Покажавме дека можеме да се спротивставиме на најдобрите и тоа ни дава за право сеуште да веруваме во добар пласман во групата. Сега ситуацијата е поинаква, противникот иста така, но останува обврската да одиграме најдобро што можеме и секако да се однесуваме дисциплинирано и професионално во играта и нашиот однос. Верувам во фудбалерите и се надевам на многу позитивни работи на утрешниот натпревар“, истакна Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
