
Младата фудбалска репреентација на Македонија е пред нов испит. Во битка за второто место во групата, кое можеби и потенцијално би донело бараж за пласман на ЕП, избраниците на селекторот Благоја Милевски денеска гостуваат во Казахстан (13 часот).
По ремито во Скопје, сега младите македонски фудбалери посакуваат цел плен, за да се искачат на втората позиција во групата. Бодовите се императив, а селекторот сака да го симне притисокот од своите пулени и вели:
„Императив е да одиграме добро, најдобро што можеме. Свесни сме дека има квалитет во оваа селекција, ќе треба да го покажат тоа момците и на терен. Подготвени сме за надигрување и се надеваме на поволен исход“.
Давор Здравковски најавува голема борба за трите бода.
„Секој настап во дресот на Македонија е нов предизвик. Одиме со мисла да ги освоиме трите бода. Ги согледавме грешките од првиот натпревар со Казахстан во Скопје, ќе се обидеме да ги анулираме и да бидеме многу подобри на денешниот дуел“, изјави Здравковски.
Мечот меѓу Казахстан и Македонија е закажан за 13 часот, на стадионот во Алмати.
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
